Каранфилова-Пановска: Креирањето криза за да се дефокусира јавноста е опасно
Играњето на каратата на меѓуетничките тензии за да се креира криза сакајќи да ги избегнете или да дефокусирате од она што се во моментот актуелни проблеми или за кои што можеби немате одговор е многу опасна работа. Тоа е играње со оган и во тој контекст сакам да кажам дека СДСМ бара сериозен дијалог и заедништво, низ којшто процес сите актери без исклучок ќе излезат и ќе кажат, ние сме за мир и стабилност. Одбивањето на Мицкоски да прифати лидерка средба е неодоговрно кон државата и кон ситуацијата, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова-Пановска во интервју за „Клик плус“, на Телевизија 21.
Каранфилова-Пановска нагласи дека случувањата во изминатите неколку денови, со изблици на насилство, дивеење и сквернавење на нашето државно знаме, практично значи пдгревање на етнички тензии и воопшто не треба да се третираат на еден банален начин и со една површност, туку бараат сериозна анагажираност од сите политички актери.
„Повикот на лидерот Филипче за средба на лидерите на политичките партии беше во насока на тоа дека ситуацијата е серизона и дека може да ескалира. Се уште сметаме дека е многу важно, сите лидери на политичките партии да седнат на маса и да видат со што реално се соочуваме, кои се ризиците, да повикаме да се смират страстите. Важно е лидерите на сите политички партии да излезат пред граѓаните и да ги уверат дека треба да бидат спокојни и дека треба да живееме безбедно“, истакна Каранфилова-Пановска.
Одговарајќи на прашање дали некои од носителите на високи позиции во партијата се поврзани со поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, таа посочи дека не може да одговори на прашањето оти не се познава лично со тие луѓе.
„Искрено да ви кажам, освен со еден-двајца, претседателот Филипче и потпретседателката Чупеска, која ја знам од претходно, ниту еден од новото раководство и од Извршниот одбор не познавам и апсолутно не можам да коментирам и да кажам дали некој од тие луѓе и какви релации имаат со кој било од претходните претседатели на СДСМ“, рече таа.