Kарамбол на небото: Се пренасочуваат авионите; Еден по друг принудно слетуваат


Фото: Б. Грданоски

Каром на небото; Започна пренасочувањето на авионите; Еден по друг прават принудно слетување ФОТО
Патничките авиони во многу европски земји повторно беа принудени да слетуваат привремено поради пријави за поставени бомби, објавува Гардијан. Инцидентите се случија во Италија, Бугарија, Белгија, а еден од авионите безбедно слета во Франција.

Според најновите информации, во моментов нема пријави за пронајдени експлозиви на ниту еден од летовите.

Полската компанија LOT Polish Airlines потврди дека по извршениот преглед во нејзиниот авион не се пронајдени сомнителни предмети.

Денес, како што објави NV.ua, известувања за поставени бомби беа испратени до следните летови:

Летот на Aer Lingus EI-DEH од Даблин до Рим, пренасочен кон Евр, Франција
Летот на Ryanair FR6410 од Мадрид до Софија
Летот на Ryanair FR3606 од Копенхаген до Софија
Летот на Ryanair FR1730 од Лондон до Софија пренасочен кон Пловдив, Бугарија
Летот LO235 на LOT Polish Airlines од Варшава до Брисел
Летот на WizzAir W46387 од Милано Малпенса до Варшава-Окиенец, пренасочен кон Виена
Летот на FinnAir AY1761 од Хелсинки до Рим
Летот на FinnAir AY 1471 од Хелсинки до Виена
Најмалку четири летови до Прага

Како што потсетуваат медиумите, овој инцидент се случува само неколку дена откако четири патнички летови до Полска, Шпанија и Бугарија беа цел на закани со бомби во вторникот.

Сите авиони слетаа безбедно и не беа пронајдени експлозиви, соопштија властите. Две закани се поврзани со летови насочени кон Варшава.

Првиот беше летот SK751 на компанијата „SAS Scandinavian Airlines“ од Копенхаген, кој слета нормално на главниот аеродром во Варшава „Шопен“. Една писта на тој аеродром беше затворена додека авионот беше прегледан.

„Авионот слета нормално во Варшава, а патниците се симнаа“, соопшти скандинавската авиокомпанија, потврдувајќи дека е испратена закана до овој лет.

Вториот беше Боинг 737 MAX на „LOT Polish Airlines“ што леташе од лондонскиот Хитроу. Требаше да слета на аеродромот Шопен, но беше пренасочен кон Модлин, вториот аеродром во Варшава, кој беше привремено затворен по алармот.

Во Шпанија, операторот на аеродромот „Aena“ го активираше протоколот за вонредни ситуации „поради пријавата за бомба“ на летот на компанијата „Ryaner“ од Манчестер, на северозападниот дел на Англија, до Мурсија на југоистокот на земјата.

Авионот слета без инциденти, а планот за вонредни ситуации беше повлечен откако Цивилната гарда го прегледа авионот.

Четвртиот беше летот на компанијата „Wiz Air“ од Бергамо на северот на Италија. Авионот бил прегледан по слетувањето во бугарскиот главен град Софија во 10:10 часот по средноевропско време, според портпаролот на бугарското Министерство за внатрешни работи.

Владата на Велика Британија ги нарече овие инциденти „злонамерни лажни закани“.