Канадски политичари летуваа на Карибите, некои поднесоа оставки, некои се извинија


Канада ја премина границата од 600.000 случаи со заразени од корона вирусот, две недели откако достигна половина милион, што ја потенцира силата на епидемијата во земјата во време на празничниот период кон крајот на годината.

Во неделата попладне Канада забележа 601.314 случаи на зараза со Ковид-19 од почетокот на пандемијата и 15.860 смртни случаи, според податоците од провинциите и териториите за кои извести јавната телевиција Си-би-си.

Онтариот, најнаселената канадска провинција, во недлата забележа 2.964 нови случаи во последните 24 часа, а во Квебек забележани беа 2.869 случаи, што е нов дневен рекорд за провинцијата во која се зборува француски и во која е забележана највиоска смртност.

Во Онтарио забележани се 4.650 смртни случаи од Ковид-19, а во Квебек 8.347.

Канада, земја со околу 38 милиони луше, не дојде до првите 100.000 случаи со заразта се до средината на јуни, три месеци откако беше забележан првиот случај.

Некои провинции, вклучително и оНтарио и Квебек, наметнаа мерки на затворање во неколку региони за божиќните празници.

Одговарајќи на општата загриженост за тоа дека некои луше патувале во топли краишта покрај официјалните упати да не го прават тоа, владата минатата недела најави дека секој што ќе влезе во Канада мора да приложи негативен корона тест.

Канадските власти не препорачуваат неесенцијални патувања во странство за да се спречи ширењето на заразара – препорака која ја игнорираа некои избрани функционери.

Мнистерот за финансии од Онтарио Род Филипс беше присилен да даде оставка поради општото незадоволство затоа што отиде на летување на Карибите.

Во изминатите неколку дена повеќе од половина од членовите на парламентот и политичари признаа дека биле на одмор во странство.

Некои се извинија.