Кан 2019: Ален Делон ќе ја добие почесната ,,Златна палма”
Франција– Француската актерска легенда Ален Делон (83) , ѕвездата на филмовите „Роко и неговите браќа“, „Самурај“, „Гепард“ и „Господин Клајн“, е добитник на почесната „Златна палма“ на годинешниот Кански фестивал, што ќе се одржи 14 до 25 мај.
– Станува збор за жива легенда, за глобална икона, изјави директорот на Канскиот фестивал, Тери Фремо, соопштувајќи ја одлуката на жирито за доделување на наградата на Делон.
Делон се прослави со улогата на Том Рипли во филмот „Во зенитот на Сонцето“ од 1960 година, а три години подоцна беше номиниран за „Златен глобус“ за ролјата во „Гепард“.
Во 1968 година Делон беше осомничен за убиство на неговиот телохранител, југословенскиот државјанин Стевица Марковиќ, кого го запознал за време на снимањето на филмот „Марко Поло“ во Белград. Поради недостиг на докази, Делон подоцна беше ослободен од обвинението.
Мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Инариту, добитник на два Оскара, за филмовите „Повратник“ и „Човек птица“, ќе претседава со жирито на една од најпрестижните филмски смотри во светот која ќе се одржи од 14 до 25 мај. Со изборот на педесет и петгодишниот мексикански уметник на местото претседавач со жирито, Фестивалот ќе ја „слави целокупната мексиканска кинематографија“, и во прв план ќе го стави режисерот кој со помош на виртуелната стварноста на гледачите им овозможи да го спознаат пеколот низ кој минуваат мигрантите во филмот „Месо и песок“. За овој филм во 2018 година Инариту го освои Оскарот во категоријата особени постигнувања. Лани, претседателка на жирито беше актерката Кејт Бланшет, која играше во неговиот филма „Бабел“ од 2006 година. Инариту тогаш ја освои Златната палма за најдобар режисер.
Златната палма минатата година му припадна на јапонскиот режесер Хироказу Коре-ед за филмот „Крадци“(Shoplifters).
Фестивалот годинава ќе ѝ оддаде почит на неодамна почината режисерка Агнес Варди, со нејзиниот лик на главниот плакат за настанот.
Свеченоста ќе ја отвори филмот „The Dead Don’t Die” (Мртвите не умираат) на американскиот независен режисер Џим Џармуш, кој 1984 година ја доби „Златната палма“ за остварувањето „Почудно од рајот”. На фестивалот ќе биде прикажан и биографскиот филм за Елтон Џон – „Rocketman”.
Во трката за „Златна палма“ се и најновите остраврувања на режисерите Педро Алмодовар, Теренс Малик и Хавиер Долан.