Камион намерно се заби во автобуска станица во Израел (ВИДЕО)


Десетици луѓе се повредени кога камион влета во автобуска станица во централен Израел, соопштија израелските спасувачи.

Портпаролот на израелските полициски сили изјави дека прелиминарната истрага покажала дека камионот удрил во автобуска станица каде што чекале патници и автобус кој бил во близина.

Возачот бил застрелан и неутрализиран, соопшти полицијата. Околностите на несреќата се’ уште се истражуваат, но според информациите од полицијата се работи за намерен напад.

Израелската итна медицинска помош „Маген Дејвид Адом“ соопшти дека била повикана на настан со масовни жртви и дека најмалку 35 лица се повредени.