Камерите од „Сејф сити“ уловија рекордер – возел 231 километри на час
Камерите од системот „Сејф сити“ го регистрираа рекордерот во брзо возење – 231 км/ч на скопската обиколница на први декември, открија во гостувањето на ТВ Телма началничката на Секторот за сообраќајни работи во МВР, Маја Арсовска Манов и државниот советник во кабинетот на министерот за внатрешни работи, Владимир Велковски.
Податоците кои се добија за само три дена од пробното пуштање на системот, ја потврдуваат потребата од негово воведување, а со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, нагласија соговорниците.