Калтрина Зеколи Шаќири ја презеде функцијата заменик министер за транспорт и врски


Калтрина Зеколи Шаќири и официјално ја презеде функцијата заменик министер во Министерството за транспорт и врски, соопштија од Демократско движење.

Од таму додаваат дека од стапувањето на функцијата, заменик министерката ја изрази својата длабока посветеност да работи максимално и да придонесе за развој на инфраструктурата и врските во нашата земја.

„Чест ми е што ја преземам оваа важна одговорност и ветувам дека ќе работам за доброто на нашите граѓани. Мојот придонес како заменик министер ќе биде важен во подобрувањето на услугите и развојот на проекти кои ќе донесат придобивки достапни за сите”, нагласи Зеколи Шаќири.

Заменик-министерката ја изрази својата решеност ефикасно да ги исполни нејзините должности, тесно соработувајќи со тимот и сите заинтересирани страни за постигнување на заедничките цели.