Калиопи: Не се разведував со песна, и двата развода ми беа болни


Калиопи искрено раскажа делови од својот живот, откривајќи дека и двата развода, и со продуцентот Ромео Грил, и со актерот Васил Зафирчев за неа биле болни. Ова го изјави во емисијата „Еден на еден“ која ќе се емитува в недела од 18.30 на телевизија „Канал 5“.

-Да се разбереме, јас не сум се развела со песна, тралала ние се разведуваме. Мојот развод беше болен, и едниот и другиот. Но, она што е најважно од мој аспект гледано е дека човек, којшто се вљубил, решил да живее со некого заедно, да дели со некого нешто, верува во нешто, ако исчезне таа првобитрна форма на љубов, нека ја транформира во едно пријателство. Тоа не мора да значи дека треба да се гледаме секој ден. Особено кога имаме и дете. Првата идеја треба да се врати и да се сочува и да се каже: „Овој човек бил мој избор во животот. Ако го згазам него, се газам себеси, бидејќи е тоа мој избор“, откри Калиопи, а овој дел од разговорот можете да го погледнете во следното видео:

https://www.youtube.com/watch?v=fYFT8Inr9f4