Калиопи и „Еуроимпекс“ , тоа е спој на моќни брендови со премиум квалитет

Францускиот лав синоќа се спои со македонската дива со најубавите хитови, Калиопи, синоќа, на гала јубилејот на семејната компанија, која е пионер во трговија со возила, Еуроимпекс кој оваа година одбележува 35 години успешно работење и присутност на пазарот. Од далечната 1992 година се генерален увозник на францускиот автомобилски бренд Peugeot за регионот, а од 2020 година се генерален увозник и за брендот Оpel, во петте држави во кои го застапуваат Peugeot -Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. Но нивното деловно портфолио ги вклучува и брендовите што се кохерентни меѓу себе, Тотал, Сандвик, Иримо и Милвоки.
Гала гостите, од сите сфери на живеење, според дрес-кодот во свечени тоалети и смокинзи, синоќа беа пречекувани од сопствениците на „Еуроимпекс“, браќата Кирил и Даниел Воиновски со семејствата, во елегантен амбиент во ресторан во центарот на Скопје, со чаша шампањско, а доцна во ноќта испратени со тегла квалитетен мед, за слатки мигови и во наредните 35 години.
Тие се заблагодарија на своите вработени, своите соработници и семејствата и изјавија 35 години не се само бројка, туку доказ за посветеност, континуитет и доверба која компанијата ја градела заедно со своите клиенти, партнери и вработени, и го најавија планот да ги завршат големите градежни зафати во Скопје и Белград.
И…забавата можеше да почне со дивата која со песните и гласот ја освои Македонија, а потоа и регионот. Не случајно таа беше избор за пријателите, вработените и клиентите.
Првата соработка на Еуроимпекс со Калиопи датира од далечната 2002 година. Соработката започна преку видео записот за тогашниот хит насловен како „Дали ме сакаш“, во кој Калиопи возeше купе-кабриолет Peugeot 206.
„Од таа соработка взаемно гаиме убави спомени“, велат тие, а како потврда за тоа остана видео записот кој долго се памети и кој е се уште атрактивен и емитуван во нашиот етер. Во 2008-ма година Калиопи беше официјално прогласена за заштитно лице на Еуроимпекс и член на семејството Peugeot. (Л.С.)