Како вештачката интелигенција ќе го промени новинарството?
На почетокот на јули Асошиејтед Прес склучи договор со Open AI, креаторот на Chat GPT, за лиценцирање „дела од текстуалната архива на Асошиејтед Прес“, а за возврат ќе добие пристап до „технологијата и стручноста на Open AI“.
Неколку дена подоцна, Open AI најави донација од пет милиони долари, заедно со пет милиони долари кредит за користење на софтверот, за American Journalism Project, организација која поддржува непрофитни редакции.
Во меѓувреме Гугл наводно на големите новинарски куќи Њујорк Тајмс, Вашинготн пост и Волстрит Журнал, им го претстави новиот софтвер за новинари „личен асистент“, кодно име за Genesis, кој собира информации и генерира вести.
Бројни новинарски организации, вклучувајќи ја G/O media, која ги поседува Gizmodo, Jezebel и The Onion, експериментираат со содржини во форма на блог генениран од нула.
Дигиталната медиумска компанија со фокус на глобалните вести, Семафор, објави дека следниот значаен состанок помеѓу новинарските организации и компаниите за вештачка интелигенција би можел да се случи на суд, за да се изврши притисок за усвојување закон од оваа област.
Линк до целиот текст тука