Како да спречите замрзнување на автомобилските стакла?
Се ближи зимата, а веќе имаме и ниски утрински температури. Ако имате проблеми со замрзнување на прозорците на автомобилот, постојат неколку едноставни решенија кои ќе ви помогнат лесно да ги одмрзнете.
Замрзнатите автомобилски стакла не се само пречка, туку можат да им донесат и казни на возачите. Експертите за автомобили имаат неверојатни трикови со цел да го спречат замрзнувањето на автомобилските стакла и тоа користејќи намирница што секојдневно ја употребуваме во кујната.
Станува збор за кромидот. Според експертите, кромидот може да спречи формирање мраз на прозорците. Едноставно исечете го кромидот на половина и со него тријте ги прозорците, навечер пред возење.
Ако немате кромид, замена може да биде и компирот, кој делува на ист начин. Истиот ефект го има и оцетот измешан со вода.
Оцетот често се користи како средство за одмрзнување бидејќи неговата точка на замрзнување е многу пониска од водата, што значи дека водата нема можност да се таложи и да замрзне доколку користите оцет.
Измешајте оцет со вода во сооднос од 3:1 и ставете го растворот во шише со распрскувач и испрскајте ги замрзнатите прозорци за побрзо одмрзнување. Може да се обидете и со следната мешавина од 600 мл медицински алкохол со 200 мл вода и малку детергент за миење садови. Мразот многу брзо ќе се стопи откако ќе ги испрскате прозорците со овој раствор.
Можеби звучи очигледно, но автомобилското стакло никако не смеете да го полевате со врела зовриена вода. Така може да дојде до пукање на прозорците, советуваат експертите.