Кабинет на Претседателот: ДКСК да ги провери наводите за судир на интереси на Муслиу, шпекулациите се штетни за безбедносните служби

-Во однос на прес-конференцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во која се посочува на наводен судир на интерес од страна на директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу во однос на кадровски решенија во АР – Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија ја повикува Државната комисија за спречување на корупција истите да ги провери веднаш, се вели во реакцијата.
Воедно, додаваат од Кабинетот на Претседателот, укажуваме на политичка одговорност од објавување на евентуално непроверени и шпекулативни информации кои можат да го нарушат угледот на безбедносните служби на Република Северна Македонија особено во период кога земјите сојузници од НАТО ја спроведуваат постапката за ратификација на Протоколот за членство.