Кабинет на Вјоса Османи: Прес-конференцијата во Скопје беше за жалење!
Од кабинетот на косовската претседателка Вјоса Османи денеска повторно реагираа за инцидентот на скопскиот аеродром. Оттаму велат дека претседателката на Република Косово никогаш не побарала пречекорување или прекршување на процедурите, туку почитување на меѓународните правила, како што се прави во целиот свет.
Според соопштението, претседателката на Косово ја претставува државата внатре и надвор. И покрај екстремно строгите безбедносни правила на аеродромите во голем број земји, тие го прифаќаат претседателот на државата како највисок претставник и никогаш не бараат да се скенира ниту личната торба, камоли телефонот, а уште помалку да бараат скенирање на целото тело бидејќи тоа, меѓу другото, би значело дека тие го третираат шефот на државата – значи и државата – како потенцијален ризик од тероризам, се нагласува во соопштението.
Според реакцијата од кабинетот на Вјоса Османи, вчерашната прес-конференција на двајцата премиери на Косово и Северна Македонија била за жалење бидејќи, како што се наведува, придонела за ширење пропаганда против Република Косово.
„Начинот на кој беше претставен инцидентот во Скопје на вчерашната прес-конференција е за жалење бидејќи уште повеќе придонесе за пропагандата против Република Косово. Она што се случи на аеродромот во Скопје е јасно прекршување на меѓународните правила признати и применувани во светот, па затоа претседателството очекува да биде известено за преземените мерки во врска со овие прекршувања, како што беше истакнато во протестната нота упатена од Република Косово“,се вели во соопштението на кабинетот на Вјоса Османи.
д кабинетот на косовската претседателка велат дека го поздравуваат изразувањето жалење од страна на премиерот Христијан Мицкоски, но додаваат дека досега институциите на Северна Македонија во ниту еден момент не се осврнале на прашањата покренати во протестната нота.
„Иако го цениме изразувањето жалење од страна на премиерот на Северна Македонија, за жал, досега институциите на Северна Македонија во ниту еден момент не се осврнаа на прашањата покренати во протестната нота поврзани со кршењето на меѓународното право во однос на Републиката Косово. Напротив, отворено и без никакво двоумење прифатија такво прекршување. За ова не се потребни дополнителни извештаи и истраги за ниту една фактичка состојба бидејќи тие се целосно ирелевантни пред јавното прифаќање на институциите на Северна Македонија дека ваквото правило е намерно наметнато, и покрај јасните барања на меѓународното право“,се додава во соопштението на кабинетот на Османи.
Оттаму додаваат дека претседателката Османи во текот на својата политичка кариера, а особено во текот на мандатот како претседател на државата, придонела за развој и продлабочување на позитивните односи со Северна Македонија, но таа не може никако да го прифати потценувањето на Република Косово. Од кабинетот на Османи додаваат дека оваа ситуација лесно може да се надмине доколку се има политичка волја од официјално Скопје.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека два вакви слични инциденти се случиле и на 16 септември и 9 октомври минатата година, а разликата помеѓу тогаш и денес е што сега, според него, постои јавност која е информирана за разлика од минатото кога овие два случаи не биле обзнанени. И во двата случаи тогаш била инволвирана претседателката на Косово, при што еден од летовите доцнел повеќе од еден час поради исто одбивање да одговори на безбедносните протоколи како последниот пат. Патем, премиерот Курти извести дека Османи патувала со семејството што асоцира дека не била на службено туку приватно патување. оа нема да ги наруши дипломатските односи
По инцидентот на аеродромот, началникот на Одделението за лично обезбедување на претседателот на Собранието, Африм Гаши, доби кривична пријава и е отстранет од работното место.