Јункер разочаран од начинот на избор на Урсула Вон дер Лајен


„Процесот не беше сосема транспарентен“ е коментарот што досегашниот прв човек на Европската комисија Жан Клод Јункер го даде за начинот на кој лидерите на Европската унија ја именуваа неговата наследничка на функцијата Урсула Вон дер Лајен.
Претседателот на Европската комисија во заминување упати остри критики за именувањето на неговата наследничка на високата функција, германската министерка за одбрана Урсула Вон дел Лајен, наведувајќи дека „процесот не беше транспарентен“, пренесуваат западните медиуми од неговата прес конференција во Хелсинки, на која додаде дека неговиот избор на функцијата, пред пет години, „бил изведен на транспарентен начин, по кампањата на европските избори“.

-За жал, тоа не стана традиција. Бев првиот и последен водечки кандидат, рече Јункер.

И многу други европратеници не го кријат разочарувањето од исходот на самитот на Европскиот совет на кој Урсула Вон дер Лајен одеднаш се појави како кандидат за прв човек на Комисијата. Многумина сметаат дека концептот  „Spitzenkandidat“, сепак, требаше да ги демократизира изборните процеси во Европската унија.