ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред


Фото: Б. Грданоски

Изменет ќе биде возниот ред на автобусите во петок.

Од ЈСП информираат дека утре (24.05.2019 година), поради државниот празник 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.