ЈСП со посебен сообраќаен режим за време на посетата на папата Франциск


Фото: Б. Грданоски
Од 5 до 19 часот утре, за време на Апостолската посета на папата Франциск  автобусите на ЈСП ќе возат по посебен режим на сообраќај.

Поголем дел од линиите ќе имаат изменет режим на сообраќање, ќе возат по изменети траси од вообичаените, а линиите 3, 3Б, 4А, 25 и 35 воопшто нема да сообраќаат.

Нема да работат билетарниците, ниту Жичарницата на Средно Водно.

Превозот ќе биде бесплатен за сите граѓани. На веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk ( http://www.jsp.com.mk/vest.aspx?vest=918) може да се види детален опис на движење на сите линии кои ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.