ЈП Морган ја процени штетата од пожарот во Лос Анџелес: Двојно повеќе од најголемиот досега


Се проценува дека осигурените загуби ќе надминат 20 милијарди долари, а таа бројка би можела да се зголеми во зависност од тоа кога конечно ќе се локализираат пожарите, вели ЈП Морган, најголемата банка во САД, во извештајот за проценка на влијанието на пожарите врз индустријата. објави Си-Ен-Ен.

Ваквите загуби ќе го направат пожарот во областа на Лос Анџелес двојно поголем удар за осигурителната индустрија од она што беше претходно најскапиот пожар, пожарот во округот Бат во 2018 година, кој ја чинеше осигурителната индустрија 10 милијарди долари, се вели во извештајот.

Во извештајот се вели дека близу 15.000 домови и згради сега се загрозени од пожарот, за разлика од 13.000 во средата.

Според проценката на АП, околу 2.000 згради се уништени во повеќекратните пожари што беснеат низ Лос Анџелес досега, а потврдена е смртта на најмалку десет лица.