„Дрисла“ го демантира Ангелов дека ноќеска имало нов пожар на депонијата
„Дрисла“ го демантираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој рече дека ноќеска имало нов пожар на депонијата. Во соопштение од јавното претпријатие се вели дека се работи за лажна вест лиферувана од политички центри на моќ за дефокус од нивните скандали.
„Дрисла каде имаше обид за потпалување голем пожар пред два дена, со сопствени ресурси и со огромен труд од страна на Противпожарната бригада Скопје се справи со пожарот. Од тогаш состојбата е стабилна, а вчера низ јавноста беше лиферувана вест дека повторно горело во Дрисла, што е обид за дефокус од скандалот во Трубарево кој можеше да биде повторување на трагедијата во Кочани поради неспособноста и системските недостатоци на одредени институции“, стои во соопштението од „Дрисла“.