Јован Деспотовски го критикува раководството на СДСМ


Јован Деспотовски (Фото: Б. Грданоски)

 

Поранешниот кандидат за претседател на СДСМ и негов долгогодишен член, денеска го критикуваше раководството на партијата по соопштението дека ќе почне почне постапка за негово исклучување од партијата.

„Искрено, после 30 години политички стаж најмалку очекував токму мојата матична партија да ме остави целосно без зборови и коментар. Во сите јавни настапи сум бил максимално умерен дури и во ситуации и за луѓе кои апсолутно заслужиле остар став. Ако таа умереност сега станува закана за актуелниот партиски врв тогаш СДСМ има многу поголем проблем отколку што мислиме“, вели тој во реакцијата.

Според него, партијата имала и ќе има поголеми личности од сегашниот претседател Венко Филипче.

„СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од актуелниот претседател. И никој од нив никогаш не се ставил над партијата, над нашето семејство. Тоа не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде. Една лична порака за крај или за почеток: Венко, со една одлука не можеш, ниту ќе дозволам да избришеш 30 години работа, љубов и жртва“, вели Деспотовски.