Јоханесбург: Војска на улиците, сѐ повеќе мртви, во болниците хаос


 

Војската на Јужноафриканската република е разместена по улиците во две провинции поради протести, грабежи и нереди откако пораншениот претседател на земјата замина во затвор.

Според најновите информации има уште мртви.

Претседателот на Јужна Африка Силил Рамафаза изјави дека и следните денови може да бидат хаос, што би довело до немање храна и лекови во следните неколку недели.

Според него, протестите доведоа и до откажување од напорите за вакцинација против корона вирусот во некои делови од земјата и може да доведат до понатамошно нарушување на темпото на програмата за вакцинација, пренесе Ројтерс.

ЈАр ја распореди војската по улиците за да ги сопре насилните протести кои избија поради притворањето на поранешниот претседател Џејкоб Зума кој пред Врховниот суд ги оспорува обвиненијата.

По повеќедневни спорадични нереди кои продолжија и денеска, до сега настрадаа 32 луше, а до вчера имаше шест жртви.

Демонстрантите ограбуваа продавници и фрлаа камења на полицијата.

Војската се подготвува да испрати 2.500 војници, затоа што полицијата не успева да воспостави ред и да ги спречи нападите на продавници во родната провинција на Зума, Квазулу-Натал и провинцијата Гаутенг во која се наоѓа Јоханесбург, најголемиот град во земјата, пренесува Ројтерс.

Уапсени се 219 лица.

Меѓу жртвите е и шестмесечно бебе, кое е погодено во главата од заталкан куршум, како и маж кој искрварил од рани здобиени од нож, пренесе Њус 24.

Во клиниките, како што јавуваат медиумите, владее хаос затоа што демонстрантите непрестано се обидуваат да упаднат во просториите во кои се наоѓаат повредените.