Јерговиќ, Дежуловиќ и други уметници по повод случајот на Северина објавија „Проглас за Александар и мајка му“


Откако Северина го загуби старателството над своето дете, група хрватски уметници решија јавно да ја поддржат пејачката и нејзиниот син Александар.

Вчера писателот Миљенко Јерговиќ на својот Фејсбук профил сподели линк до текст во кој група од 30 уметници меѓу кои се Борис Дежуловиќ, Емир Имамовиќ Пирке, Раде Шербеџија и Филип Шоваговиќ.

Тој рече дека една писателка заедно со нејзините колеги размислувала што може да направи за Северина и нејзиниот син. Овој „Проглас за Александар и мајка му“ е во знак на поддршка не само за нив, туку и за сите кои би можеле да се најдат во слични ситуации.

„Писателката и сопственик на литературниот фестивал Шкуре во Шибеник цела ноќ ја помина со некои пријатели, исто така писатели, размислувајќи што можеме да направиме за едно момче и неговата мајка, а што, во исто време, би било барем симболична помош на многу други девојчиња и момчиња и нивните татковци или мајки кои се најдоа „во мелницате за месо“ на хрватскиот социјален систем и судство. Како да се биде солидарен, како да се покаже емпатија? Од ова произлезе краткиот „Проглас за Александар и неговата мајка’ потпишан од нас дваесет и седуммина кои се занимаваме со раскажување приказни и замислување светови. „Прогласот за Александар и мајка му“ можете слободно да го споделите и објавите“, напиша Јерговиќ.


Во текстот се наведува дека се згрозени од одлуката на Врховниот суд на Република Хрватска со која на Северина ѝ е одземено старателството.

„Протестираме, згрозени од одлуката на Врховниот суд на Република Хрватска да не ја почитува волјата и одлуката на 12-годишниот Александар Поповиќ да живее во неговиот дом со мајка му Северина Вучковиќ“, нагласуваат на почетокот. 

Сметаат дека се должни да предупредат дека нема и не може да има добар свет во кој „процедуралната грешка“ на судот би била поважна од човековото право на дом.

„Не може да има добар свет во кој одлуката што треба да биде во најдобар интерес на детето е донесена врз основа на „процедурална грешка““, изјавија тие.

Во тој случај се солидаризираа со момчето и неговата мајка и ги повикаа луѓето на сочувство, но надлежните институции да се погрижат ниту едно дете да не биде жртва на системот.

„Како возрасни кои добро паметат што мислеле и чувствувале како 12-годишници, ја изразуваме нашата солидарност со Александар Поповиќ и потврдуваме дека оваа одлука на Врховниот суд на Република Хрватска не е правилна, не праведна и не морална“, велат тие.

Меѓу потписниците во оваа изјава се: Сњежана Бановиќ, Ренато Баретиќ, Ивица Буљан, Ѓурѓица Чилиќ, Лидија Дедуш, Борис Дежуловиќ, Ивица Џикиќ, Слободанка Боба Ѓуџерија, Михаела Гашпар, Наташа Говедиќ, Синан Гиџевиќ, Емир Имамовиќ Пирке, Ивица Иванишевиќ, Ена Катарина Халер, Моника Херцег, Миљенко Јерговиќ, Дамир Каракаш, Паоло Маџели, Сузана Матиќ, Еди Матиќ, Кристијан Новак, Ивана Рогар, Оља Руњиќ, Раде Шербеџија, Филип Шоваговиќ, Анте Томиќ, Ленка Удовички, Нина Виолиќ, Марина Вујчиќ и Зоран Жмириќ. 

Целиот текст можете да го најдете овде.