Јавниот долг на Србија на крајот на јуни достигна 57,3 отсто од БДП
На крајот на јуни јавниот долг на Србија изнесуваше 26,827 милијарди евра, што е 57,3 проценти од бруто домашниот производ на земјата (БДП), соопшти денеска Министерството за финансии, пренесе Танјуг.
Според податоците од Макроекономскиот извештај на Министерството за финансии, учеството на јавниот долг во БДП на крајот на јуни е повисоко за 0,1 процентни поени во однос на крајот на мај, кога изнесувало 57,2 проценти.
Во номинален износ јавниот долг се зголеми за 37 милиони евра во јуни од 26,790 милијарди евра во мај.
На крајот на јануари 2020 година, јавниот долг изнесуваше 24,20 милијарди евра, а на крајот на декември минатата година на 23,94 милијарди евра, што изнесуваше 52 отсто од БДП.