Јавниот долг на Франција се зголеми на 101,2 отсто од БДП


 Јавниот долг на Франција во првиот квартал на годината се зголемил на 101,2 отсто од БДП, што е најголем тримесечен скок на долгот од кризата во 2009 година, јави дописникот на МИА.

Јавниот долг од 101,2 отсто од БДП, во монетарна вредност сега изнесува 2.438,5 милијарди евра, сооопшти националниот Институт за економски и статистички студии на Франција (ИНСЕЕ).

Односно во првото тримесечје, францускиот јавен долг се зголеми за 58,4 милијарди евра во споредба со претходниот квартал. Изразено во проценти, зголемувањето е од  98,1 отсто од БДП, на крајот на 2019 година, на 101,2 отсто, што претставува зголемување од 3,1 процентни поени, „најголемо зголемување од второто тримесечје на 2009 година“, забележува ИНСЕЕ.

За целата 2020 година, според предвидувањата  јавниот долг би требало да достигне 121 отсто од БДП.