Јавен повик на Глобалниот фонд за вклучување и отпорност на заедницата, апликации до 9 мај годинава

Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам го сподели Јавниот повик на Глобалниот фонд за вклучување и отпорност на заедницата (ГЦЕРФ) на кој можат да аплицираат невладини организации.
ГЦЕРФ е фонд кој поддржува проекти во врска со спречување на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот во повеќе држави, вклучително и во Република Северна Македонија. Во таа насока се остварува тесна соработка и со Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.
– Покрај виталните државни институции во борбата против тероризмот се вклучени и повеќе граѓански организации, кои имплементираат голем број на проекти, преку таканаречениот „мек пристап“. Националниот комитет согласно надлежностите остварува соработка и ја насочува активноста на повеќе граѓански организации, првенствено на превентивен план, спречување на радикализација и насилен екстремизам. Во функција на транспарентноста, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам на веб страната го објавува Јавниот повик на ГЦЕРФ на кој можат да аплицираат невладини организации, информира на својата веб страница Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.
ГЦЕРФ соработува со Северна Македонија на сеопфатна иницијатива од 2021 година, инвестирајќи 1,8 милиони американски долари за зајакнување на владините и невладините капацитети и поддржувајќи рехабилитација и реинтеграција на повратници од североисточна Сирија. Тесно соработувајќи со локалните организации, партнерите финансирани од ГЦЕРФ, стои во повикот, обезбедија суштинско индивидуално и семејно советување, помагајќи да се изгради доверба и да се поттикне отворената комуникација.
Изјавите на интерес мора да бидат соодветно пополнети и доставени електронски заклучно со 9 мај годинава на [email protected], а е-поштата треба да биде означена како „EOI-North Macedonia – [име на организацијата]“ во темата, наведувајќи ја организацијата што аплицира за финансирање грант.
Апликантите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани за длабинска анализа. Апликацијата треба да ги содржи документите: Образец за апликација, Минати проекти, Буџет и Теорија на промена и Ревидиран консолидиран финансиски извештај за 2022 и 2023 година.
ГЦЕРФ најави дека ќе огранизира онлајн сесија за прашања и одговори за потенцијалните апликанти на 30. месецов во 11 часот, на која можеда се учествува преку линкот.