Јапонскиот премиер планира да ја објави својата оставка до крајот на следниот месец

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба планира да ја објави својата оставка до крајот на следниот месец, објави денеска весникот „Маиничи“.
Ишиба се соочува со растечко противење од сопствената Либерално-демократска партија поради неговата намера да остане на власт и покрај тешкиот пораз на владејачката коалиција на изборите за Горниот дом на јапонскиот парламент во неделата.
Според весникот „Јомиури“, Ишиба синоќа им рекол на блиските соработници дека ќе објасни како ќе ја преземе одговорноста за изборниот пораз откако ќе се најде решение во трговските разговори со САД.