Јаник Незе-Сеген за прв пат ќе диригира со виенскиот Новогодишен концерт на 1 јануари

Меѓународно признатиот канадски диригент е музички директор на Метрополитен операта во Њујорк од 2018 година


Виена – Новогодишниот концерт на Виенската филхармонија ќе се  се одржи на 1 јануари 2026 година, за прв пат под диригентската палка на маестро Јаник Незе-Сеген во Златната сала на Музиквераин во Виена.

Новогодишниот концерт во 2026 година ќе се емитува во над 150 земји и ќе го следат околу 50 милиони телевизиски гледачи ширум светот.
 
 

Традиционално, МТВ ќе врши директен пренос од концертот во 11, 15 часот, спој на класична музика, балет и гламур. 

 
Концертот нестрпливо го очекуваат дури и оние кои не се големи љубители на класичната музика и знаат да заплескаат на традиционалниот завршеток во ритамот на Маршот Радецки од Јохан Штраус, кој за првпат е изведен во 1945 година, а по неколку години станува задолжителен дел од бисот и крајот на концертот.
 
 

Прекрасните балетски точки пак се изведуваат од Виенската државана опера и балет, а од 1980-та традиционално, цвеќињата за украсување на салата ги подаруваше градот Санремо од Италија, а сега веќе неколку години, од градините на Виена.
 

 

Кој е маестро Јаник Незе-Сеген?

Меѓународно признатиот канадски диригент Јаник Незе-Сеген е музички директор на Метрополитен операта во Њујорк од 2018 година, музички директор на Филаделфискиот оркестар од 2012 година и 25 години музички директор и главен диригент на Оркестарот Метрополитен на Монтреал. Од 2008 до 2018 година, тој беше главен диригент на Ротердамската филхармонија, каде што беше назначен за диригент-лауреат. Тој е исто така почесен член на Камерниот оркестар на Европа.

Уметничката соработка помеѓу Јаник Незе-Сеген и Виенската филхармонија започна на Неделата на Моцарт во Салцбург во 2010 година. Оттогаш, Незе-Сегуин редовно диригира со оркестарот на концерти во Виена и Салцбург, како и на турнеја. Еден посебен белег беше Летниот ноќен концерт 2023 под негова палка.

Претседателот на Виенската филхармонија, Даниел Фрошауер, ја нагласува важната улога на Незе-Сеген со оркестарот:

„Виенската филхармонија ужива блиско и плодно уметничко партнерство со Јаник Незе-Сеген од 2010 година. Како музички директор на Метрополитен операта во Њујорк , како и главен диригент на истакнати меѓународни ансамбли како што се на Оркестарот на Филаделфија, тој е пример за жанровите кои заедно го сочинуваат музичкиот јазик на Виенската филхармонија“. 

 
Л. Сабит