Јаневска: МОН бара најсоодветно решение за проблематичниот ученик од „Лазо Ангеловски“


Министерката за образование Весна Јаневска, вели дека од МОН нема писмо до ОУ „Лазо Ангеловски“ за наводно испишување на проблематичниот тредоодделенец, за да биде запишан во училиште во друга општина.

Таа кажа дека МОН бара решение за проблемот.

-Информацијата не е точна дека има такво писмо од МОН. Прашање дали детето е проблематично или системот е проблематичен, и системот не е спремен да се справи со проблемите кои се појавуваат во него. МОН постапува според закони и свои можности, иако ингеренциите на МОН во овој случај се најмали. Тука многу поголеми ингеренции имаат училиштето, општината, социјалните служби. Но, ние детето нема да го напуштиме и сѐ уште сме во процес на барање на најсоодветно решение за момчето – рече министерката Јаневска на новинарско прашање.

Третоодделенецот на чие однесување се жалат родителите на останатите деца од класот во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче требаше да биде префрлен во ОУ „11 Октомври“ во Центар. Родителите на учениците од „11 Октомври“ ја бојкотираа наставата, па одлуката беше повлечена, а ученикот требаше да се врати во матичното училиште „Лазо Ангеловски“. И таму се бојкотираше, па пред крајот на првото полугодие ученикот постуваше онлајн настава, додека со почетокот на второто полугоди, тој повторно е вратен во ова училиште.