(Видео) Јанева најави нови крупни предмети


Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева е задоволна што надлежноста на СЈО ќе се прошири и најави дека наскоро би можело да се очекуваат и други покрупни предмети

Јанева вели и дека Обвинителството што го раководи ќе продолжи да работи со истата динамика и во иднина, додавајќи дека следната недела ќе го претстави извештајот за работата на ова судско тело.