Јакимовски се потсмева на Украинците

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски , во гостување на ТВ 24 ги оправда потезите на Русија велејки дека обидот да се дојде до руската граница и да се обиколи Русија е преопасна игра и дека Москва на тоа предупредила.
-Путин молеше Европа и Русија да се обединат против еден непријател, а тоа е тероризмот изјави тој.
Според него нападот во Украина може да има верижна реакција во светот. Потоа тој им се потсмеваше на Украинците.
-Кога ќе изберете претседател комичар ќе си доручкувате гранати. Место Зеленски да седне и да се смират тензиите тој се обидува со закани. Додека Бајден и Џонсон стигнат со тенковите, отиде Украина, рече Јакимовски.