Јајце


ЛЕЈЛА САБИТ

 

Мало чудо кое крие во себе живот, голема традиција, историја и богатство.

Селско или на Фаберже.

Од фарма или на аукција.

За некого здрава, а за верниците-духовна храна.

Некој од продадени јајца преживува, а некој живее на висока нога.

Јајцето диктира стил.

Некому му е доволно живо јајце наутро, а некој навикнал на кавијар и шампањско.

Некој го сака на чинија, некој на лице, како украс, или како симбол.

Буди романтични, но и силеџиски чувства.

Некој сака да ви подари јајца, а некој да ве гаѓа со јајца.

Да ве разгалува со пиле мое, или да ве навредува со кокошко една.

За жените извор на протеини и хранлива маска, а за мажите болна тема.

Некој во животот бара влакно во јајце, а некој нема јајца да се справи со предизвиците.

Не е се во изгледот. И кај мажот, и кај жената и кај јајцето.

Големината може да ве излаже. Некогаш е доволна содржината.

Честит Велигден !