Ја губи ли партиската поддршка од „Вреди“ министерот Фатмир Лимани?


Фатмир Лимани (Фото: Б. Грданоски)

 

Ако се верува на реакциите во владиниот албански блок, а кои ги пренесува порталот „4news“ министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, е на тенок мраз меѓу неговите партиски другари од коалицијата „Вреди“.

Имало неколку причини за намалувањето на довербата на раководствот на „Вреди“ во Лимани: неговиот слаб резултат на локалните избори во Кичево, игнорирањето на структурите на „Вреди“ и дека тој, наводно, повеќе работел како министер на ВМРО-ДПМНЕ, а не на „Вреди“.

Според порталот, под притисок на партиските структури лидерите на „Вреди“ одлучиле да го исклучат Фатмир Лимани од нивните редови. Тој формално е член на Беса, но е обвинуван дека повеќе дејствувал индивидуално отколку да ги следи насоките на партијата.