Извршниот директор на „Њујорк тајмс“ очекува згаснување на печатените медиумите за 20 години


Извршниот директор на „Њујорк тајмс“, Марк Томпсон, вели дека очекува за најмногу 20 години весникот да престане да излегува во печатено издание.

За Томпсон, ќе биде изненадување доколку весникот основан во 1851 година излегува во печатено издание и во 2040 година.

„Верувам дека ‘Тајмс’ ќе се печати уште 10, евентуално уште 15 години, но ќе бидам многу изненаден ако се печати и по 20 години“, изјави тој за Си-ен-ни-си.

Повеќе од 900.000 луѓе се претплатени на хартиената верзија на весникот, рече Томпсон. Со тековните нивоа на претплата, „Њујорк тајмс“ може да печати седум дена неделно со профит без рекламирање, рече тој. Сепак Томпсон потенцира дека секоја година се зголемува бројот на оние кои претпочитаат весникот да го читаат на своите смартфони, таблети и компјутери, па така во последниот квартал по првпат е евидентиран поголем профит од дигиталното наспроти печатеното издание. Поради тоа, Томпсон заклучува дека весник, кој може физички да се држи во раце, е формат во изумирање.