Изврши убиство по филмска брканица низ Скопје: Кој е Ацо Боцевски – Циганот, уапсен во Грција по 27 години бегство

Во јавноста како бомба одекна веста дека в Грција е уапсен Ацо Боцевски, познат под прекарот „Циганот“, македонски дрзхавјанин кој речиси три децении се криеше од правдата. Уапсен во грчкиот град Катерини, потврди МВР.
„Денеска (26.05.2025) од страна на грчката полиција сме известени дека го лишиле од слобода Ацо Боцевски кој беше баран со меѓународна потерница по наредба на Основен суд Скопје І од 30.06.1998 година за издржување казна затвор во траење од 15 години за извршено кривично дело по член 123 (убиство) од Кривичниот законик на РСМ“, велат од МВР.
Боцевски беше осуден за убиство на Сеат Ибраими, извршено среде бел ден во ноември 1997 година во центарот на Скопје. На убиството му претходела кратка автомобилска брканица низ скопските улици, по што Ибраими, управувајќи „мерцедес“, излетал од патот во близина на зградата на осигурителната компанија „Кјуби“. Боцевски, кој управувал „корвета“, застанал зад него, излегол од возилото, и ладнокрвно го застрелал Ибраими со повеќе истрели, испразнувајќи цел шаржер од пиштолот.

Иако беше осуден, Боцевски побегна откако му беше дозволен домашен притвор, и со години успешно го избегнуваше органите на прогонот. За него беше распишана една од најстарите меѓународни потерници на веб-страницата на МВР.
Со неговото апсење, се очекува екстрадиција во Македонија, каде треба да ја доиздржи затворската казна.