Извезен индустриски отпад од производство на челик


Управата за животна средина денеска информира дека компанијата Макстил во соработка  Arcelor mittal -BMS од Шпанија, најголемата топилница во Европа,  успеале да извезат коварина односно индустриски отпад кој настанува при производството на челик. Овој процес, појаснува директорот на Управата Игор Никоски,  се заснова на циркуларната економија – пристап кој овозможува искористување на отпадот како нов ресурс, наместо негово уништување.  

-Со правилно  управување и процесирање, коварината се трансформира во вредна секундарна суровина, намалувајќи го негативниот еколошки отпечаток и придонесувајќи кон одржлив развој, при што целосно се елиминира влијанието врз животната средина. Со овој значаен проект во нашата држава се отвора патот за системско чистење на индустрискиот отпад. Овој успех е важен не само за Макстил, туку и за целата земја, како дел од заложбите за еколошки одржлива иднина. Министерството за животна средина го поздравува овој проект и останува посветено на креирање услови за ефикасно управување со индустрискиот отпад во државата. Заедно кон почиста животна средина!, наведе прес-службата на МЖСПП во сооопштение.