Израелски медиуми тврдат дека е убиен еден од основачите на Хамас


 Еден од основачите на Хамас, милитантната исламистичка група која го нападна Израел, е убиен во вторникот во израелски напад врз Газа, јави израелскиот јавен сервис Кан.

Повикувајќи се на палестински извештаи, телевизијата соопшти дека Абд ал Фатах Духан, познат како Абу Осама, бил убиен за време на бомбардирање во населбата Нусејрат во централна Газа. Извештајот за смртта на Духан дојде еден ден откако Израел соопшти дека го убил министерот за економија на Хамас и уште еден висок член во нападите со дронови врз Газа.

Духан, директор на училиште во бегалскиот камп Ал-Нусејрат, беше меѓу присутните на состанокот на Муслиманското братство во Газа во декември 1987 година, каде членовите се согласија на милитантно противење на израелската окупација и помогнаа да се напише повелба со која се повикува на уништување на Израел.