Израелски медиуми: Албанците преговараат со Трамп за прифат на 100.000 Палестинци од Газа, Рама демантира
Албанскиот премиер Еди Рама го демантираше извештајот на израелската телевизија Канал 12 во кој се тврди дека неговата влада преговара со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за да прими околу 100.000 Палестинци од Газа.
– Одамна не сум слушнал нешто толку лажно, а во последно време има многу лажни вести! Апсолутно не е точно, напиша Рама на X.
Изразувајќи целосна почит и солидарност со граѓаните на Газа, Еди Рама рече дека Албанија никој не ја прашал ниту можела да размислува да преземе таква одговорност.
– Ние сме горди на нашето цврсто пријателство со Израел, ОАЕ, Саудиска Арабија, Катар, Кувајт и секако со палестинскиот народ, чија држава Албанија одамна ја призна, рече албанскиот премиер.
Истакнувајќи дека Албанија не е на Блискиот Исток, тој рече дека земјата „од срцето на Европа не може да направи ништо повеќе од која било друга европска земја“.
– Сепак, посакуваме и се молиме на палестинскиот народ да му се даде можност да живее во сопствена држава, како слободни луѓе под демократска власт, заклучи Рама.
Израелскиот Канал 12 јави дека Израел верува дека повикот на американскиот претседател Доналд Трамп до Јордан и Египет да прифатат палестински бегалци е нереален и оти Вашингтон бара други домаќини, како што е Албанија. „Ен-би-си њуз“ претходно овој месец јави дека САД ја разгледуваат и Индонезија како место за прифаќање на Палестинци од Појасот Газа.
Трамп го даде својот контроверзен предлог во саботата, сугерирајќи дека е време да се „исчисти“ Појасот Газа и да се преселат Палестинците во Јордан и Египет. Палестинските, јорданските и египетските власти категорично го отфрлија предлогот на Трамп.
I haven’t heard something so fake in quite some time—and there’s been a lot of fake news lately! It is absolutely not true.
Full respect and solidarity for the people of Gaza, who have been dehumanized by the savage Hamas regime and have endured a hellish war following the… pic.twitter.com/tc5YgC3ds6
— Edi Rama (@ediramaal) January 27, 2025