Израелски компании планираат да основаат директорат за сајбер безбедност во Македонија и во Косово


Израелската компанија „Improvate“ ја предводи делегацијата од осум израелски компании за сајбер безбедност, кои на крајот на октомври ќе пристигнат во овие земји за да го промовираат проектот, објави порталот IsraelDefence.co.il.

На крајот на октомври, делегација од осум израелски компании за сајбер безбедност ќе ги посети Северна Македонија и Косово за да го промовира формирањето на национален сајбер директорат за овие земји.

Делегацијата е предводена од концернот Improvate, со извршниот директор Ронит Хасин Хофман и Јигал Уна, раководител на сајбер секторот на компанијата и поранешен шеф на израелскиот Национален сајбер директорат.

Јигал Уна, Ирина Невеслин и Ронит Хасин Хочман

Според Improvate, делегацијата ќе биде придружувана од поранешниот премиер на Северна Македонија, проф. Владо Бучаковски, а ќе се сретне и со новиот министер за дигитализација, Стефан Андоновски, кој иницираше безбедносно-технолошка реформа насочена кон проектот за воспоставување национален сајбер директорат. Делегацијата ќе се сретне и со високи претставници во сајбер и инфраструктурниот сектор на двете земји.

Израелските компании кои учествуваат се WISE-MON, KELA, BG PROTECT, TRIPLE P, FLOW-SEC, CYBECS и Realite Q.

„Голема чест и гордост е што израелската сајбер индустрија е избрана да ги воспостави сајбер системите на Северна Македонија и Косово. Државата Израел е препознаена како глобална сајбер сила и многуте способности и знаења во рамките на нашата локалната индустрија стана вреден ресурс“, рече Јигал Уна.

Ронит Хасин Хофман, извршен директор на Improvate, рече:

„Ги изградивме нашите врски во Северна Македонија и Косово во изминатите неколку години. Голема привилегија и чест е што израелската сајбер индустрија е избрана да помогне во воспоставувањето на сајбер систем во Северна Македонија и Косово.