Израел и нуди на Украина ракети и оружје запленети од Хезболах
Украинската амбасада во Израел објави дека се водат разговори за пренос на заробеното оружје на Хезболах на украинските сили, со што Израел значително ќе ги поддржи украинските воени напори за прв пат од почетокот на руската агресија.
Израел предложи да се пренесе оружјето од руско производство, запленето од израелската војска во Либан на украинските сили. Оваа иницијатива ја објави Украинската амбасада во Израел на својата официјална Фејсбук страница.
Според соопштението, украинскиот амбасадор во Израел Јевхен Корнијчук во вторник, 21 јануари, се сретнал со израелскиот заменик министер за надворешни работи Шарен Хаскел. За време на средбата, амбасадорот му се заблагодари на Израел за неговата понуда да испорача запленето оружје од руско производство на украинската страна.
„Оваа иницијатива би била важен чекор во препознавањето на заедничките закани со кои се соочуваат двете земји. Украинската страна изрази надеж за позитивно решавање на ова прашање“, пишува во соопштението на Украинската амбасада во Израел.
Оваа иницијатива укажува на значително зближување меѓу Израел и Украина, имајќи предвид дека од почетокот на руската агресија врз Украина, официјален Тел Авив има ограничено влијание и дипломатски став на поддршка без испраќање класична воена помош.