Измамена кумановка за над 3,2 милиони денари за купување стан


 Шеесет и едногодишна кумановка пријавила во полицијата дека била измамена за над 3, 2 милиони денари за купување стан со гаража во кој требала да се всели пред пет години, но од извршител дознала дека доверител на станот е банка во стечај, соопшти денеска полицијата.

– Вчера во 11:00 часот во СВР Куманово, 61 – годишна жена од Куманово пријави дека била измамена за сума од 3.233.280 денари. Според пријавеното, преку посредник таа купила и исплатила стан со гаража во изградба од правно лице од Скопје, а рокот за изградба и примопредавање бил во септември 2020 година, соопшти полицијата. Според пријавеното, фирмата не го испочитувала рокот, а откако на почетокот на 2025 година добила известување од извршител дека доверител на купениот стан е банка во стечај, сфатила дека е измамена, соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.