Изложба во Скопје: Европската мода на црногорскиот двор
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2019/04/elektronska-pokana-на-на-3.jpg)
Вечерва, во 18 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност ќе биде отворена изложбата на свечена облека од фондот на Народниот музеј на Црна Гора „Европската мода на црногорскиот двор-рефлексии“.
На отварањето ќе присуствуваат и министерот за култура Асаф Адеми и неговиот колега од Црна Гора Александар Богдановиќ.
Двајцата министри денес во Скопје ќе потпишат нова Програма за културна соработка меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура на Црна Гора за периодот 2019 – 2022 година.