Изложeни дела од уметниците-кандидати за академици во МАНУ

Македонската академија на науките и уметностите го отпочна изборниот процес за избор на нови членови, при што се предложени вкупно 22 кандидати во категориите редовни и дописни членови, членови надвор од работниот состав и почесни членови.
Во периодот од 16 септември до 16 октомври оваа година, јавноста ќе има можност да ги види билтените на Академијата посветени на тековниот изборен процес, каде што се објавени предлозите од одделенијата за избор на членови, резултатите од гласањето, биографиите на кандидатите и списоците на нивни научни и уметнички трудови, како и приложените рецензии.
Дополнително, во изложбениот салон ќе бидат претставени дела од академските скулптори Сашо Саздовски и Жарко Башески, како и од сликарите Невзат Бејтули и Новица Трајковски.