Излезноста до 17 часот покажува дека Македонија денеска ќе избере претседател
До 17 часот на претседателските избори гласале 39,33 отсто, што значи дека цензусот сосема сигурно ќе биде постигнат
На претседателските избори до 17 часот гласале 707 илјади гласачи односно 39,33 отсто, според 99 проценти од обработените гласачки места според податоците од веб-страницата на ДИК. Ова значи дека цензусот сигурно ќе биде постигнат за Македонија да може денеска да избере претседател.
Претходно, претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на прес-конференција презентираше податоци за претседателските избори од 2.040 избирачки места, каде имаше 42,32 отсто излезност. Најголема излезност за претседателските избори има во Новаци со 66,47 отсто, а најмала излезност има во Липково со 6,48 отсто.
На парламентарните избори до 17 часот по обработени 99 отсто од избирачките места излезноста е 45,89 отсто.
До крајот на гласањето останува уште нешто повеќе од еден час. Избирачките места се затвораат во 19 часот.