Излезноста до 15 часот за претседателските избори е 33,73 отсто, а за парламентарните 37,44
Заинтересираноста за гласање, особено на претседателските избори , во општините со мнозинско албанско население е помала
До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за претседателските избори од 2.271 избирачки места. Од вкупно запишани 1.172.912 гласачи на овие избирачки места, гласале 395.576 или 33,73 отсто. За парламентарните избори се пристигнати податоци од 2.136 избирачки места. Од вкупно запишани 1.113.441 гласачи на овие избирачки места, гласале 416. 915 или 37,44 проценти, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Според ДИК, најголема излезеност за претседателските избори има во Новаци, 52,32 процента, а најмала во Липково, 3,60, додека за парламентарните избори најголема е излезеноста во Крива Паланка, 58,18 отсто, а најмала во Центар Жупа, 13,74.
-Споредбено со вториот куг од претседателските избори во 2019 година има зголемување на излезеноста од 3.39% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.84%. Споредбено со парламентарните избори во 2020 година има зголемување на излезеноста од 5.66 % на овие избори, информира ДИК.
Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е: ИЕ 1 42.31 отсто, ИЕ 2 – 36,69, ИЕ 3 41,02, ИЕ 4 – 36,88, ИЕ 5 – 35,95 и ИЕ 6 – 29,14 отсто.
-До овој момент до ДИК се доставени вкупно 405 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 176 се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 18 приговори се отфрлени како неуредни, а 58 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка, наведува ДИК.
Државната изборна комисија потсетува дека овој изборен ден го следат 1 303 домашни и 860 меѓународни набљудувачи, како и 83 странски новинари. Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44 на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија. Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.
Бројките покажуваат дека избирачките единици и општини со мнозинско албанско население ги бојкотираат изборите, особено за претседател. Ваквото однесување не чуди ако се знае дека и висок функционер од ДУИ, одбра да не гласа за претседателските избори и подигна ливче само за парламентарните. Во приот круг отпаднаа кандидатите за претседател од албанска националност.
Еве што покажуваат резултатите на ДИК за излезноста до 15 часот на претседателските и на парламентарните избори: Гостивар 18,31% на претседателските, 26,81% на парламентарните, Тетово 21,62% и 24,6%, Струга 37,01% и 28,38%, Чаир 20,04% на претседателските и 33,96% на парламентарните…Или, Липково со само 5,14 отсто излезност за претседателските избори.
За избор на претседател во вториот круг неопходна е излезноста од 40%, или од 725.727 гласачи за победа се потребни 362.864 гласа.