Изборите во Штип успеаја, сега се бројат гласовите
На предвремените избори за градоначалник на Општина Штип до 18,30 часот гласале 14.328 избирачи, односно 34,30 проценти, а во Општина Пласница, гласале 1.959, или 39,54 проценти од избирачите со право на глас, соопшти вечерва Државната изборна комисија. Тоа значи дека изборите во двете општини успеаја, а сега се бројат гласовите за кандидатите
Избирачите со право на глас на вонредните избори за градоначалник на Општина Штип можеа да гласаат на 77 избирачки места за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој ќе има мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година. На овие избори за градоначалник во општина Пласница избирачите од четири села гласаа на девет избирачки места.
Деталните информации во однос на излезеноста на гласање , како и резултатите во живо после завршувањето на гласањето можат да бидат следени на веб страницата www.lokalni2020.sec.mk .