„Aџет“ од јули ќе лета директно од Скопје до Бодрум
Нискобуџетната авиокомпанија „Aџет“ (АJet) од следната година воведува нова сезонска авиолинија која директно ќе ги поврзува Скопје и Бодрум, пренесува авијацискиот портал „Екс ју авиејшн“.
„Aџет“ истовремено воведува сезонски лет и до Сараево, кој ќе стартува од 28 јуни, со реализација секоја недела.
Инаку, ова не е првпат „Aџет“ да ги опслужува овие дестинации. Авиокомпанијата во минатото, заедно со „Анадолуџет“, веќе имала летови до Скопје (од 2022 до 2024 година) и до Сараево (од 2021 до 2024 година).