Изгоре куќа во Оризаре, а жена на возраст од 40 години е повредена


Илустрација - Фото: Б. Грданоски

На 19.10.2022 во 11.23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Оризаре, oпштина Липково, настанал пожар во куќа сопственост на А.С..

Екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот, а со повреди од пожарот се здобила Р.В.(40) од с.Оризаре, која била пренесена во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош.