Изгоре барака во Мичурин, спасена соседната


Илустрација

Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Мичурин од засега непознати причини.

-Пожарот избувна во барака во Мичурин. На терен интервенираа три пожарникарски возила, со осум пожарникари, иако пожарот брзо се рашири. Со брзата интервенција спречен е да се прошири на соседната барака – вели командирот на Скопската бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.