Избеганиот полицец што е под истрага за Кочани сам се пријавил во Обвинителството

Пензионираниот полицаец С.Д. од Штип, за кој вчера се пишуваше дека е недостапен за органите на прогонот, утрово се пријавил.
-Утринава се пријави и сега е пред судија на претходна постапка, информираат од ОЈО ГКК.
С.Д. е меѓу 10-те нови полициски службеници, кои од завчера се опфатени со истрагата за пожарот од Кочани. Како што информираа од МВР меѓу седумте службеници, кои требаше да бидат обезбедени од полицијата е и пензиониран началник на полицијата во униформа во Штип, кој не бил најден од своите колеги. Се работи за долгогодишен полицаец, кој целиот свој работен век го помина во СВР Штип, а дел од неговото семејство работи во штипската полиција.
Во соопштението на МВР се соопштува дека се работи за С.Д. , кој во времето на извршување на кривичното дело на работно место главен инспектор за сообраќај во Одделение за полиција во СВР Штип.