Изабел Аџани доби двегодишна условна затворска казна за даночна измама


Француската актерка и пејачка Изабел Аџани (68) беше осудена на две години условна затворска казна и парична казна од 250.000 евра поради затајување данок, потврди „Вариети“.

Една од најпочитуваните француски уметници беше прогласена за виновна затоа што била регистриранa во Португалија во 2016 и 2017 година за да избегне плаќање данок во Франција,а потоа уплатила 120.000 евра на сметка во Соединетите Држави без да ја пријави и прикаже донацијата од два милиони долари како заем. Изабел Аџани, која беше номинирана за Оскар за улогите во филмовите „Камил Клод“ и „Приказната за Адел Х“, ги отфрли сите овие тврдења и планира да поднесе жалба, изјави нејзиниот адвокат Оливие Пардо. Обвинителите во октомври прво побараа условна казна од 18 месеци и парична казна од 250.000 евра, но потоа судиите изрекоа повисока казна.

– Шокирани сме од оваа пресуда. Изабел Аџани не можеше да присуствува на судењето, а ние побаравме да се одложи за да биде сослушана, но тоа не беше дозволено. Немилосрдно ја гонат , рекла адвокатот на актерката.

Истрагата против Изабел Аџани беше покрената во 2016 година, откако името на актерката се појави во Панамските документи.

И покрај овие проблеми, кариерата на францускиот уметник цвета во последните години.Таа штотуку глумеше во хитот на Нетфликс „Voleuses“  а глумеше и во  „Петра фон Кант“, кој го отвори Берлинскиот филмски фестивал во 2022 година.

Аџани е единствената актерка која освоила пет награди Цезар – највисоката филмска чест во Франција – за нејзината глума, во текот на нејзината повеќе од 50-годишна кариера.