Ивештај на ЦГК: Фирмите се жалат на критерирумот „најниска цена“, во втора половина од 2020 поништени 33 отсто од тендерите
„Најниската цена“ како критериум за избор на најповолната понуда во јавните набавки е проблем број еден за 77 отсто од фирмите во земјава, покажуваат резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите што денеска ги објави Центарот за граѓански комуникации, заедно со Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, кој пак покажува дека 33 отсто од јавните набавки се поништени во тој период.
Проблем број еден во јавните набавки за 77 отсто од фирмите е „најниската цена“ како критериум за избор на најповолната понуда, дека фирмите се договараат на тендерите сметаат 60 проценти од испитаните фирми, 47 отсто од нив сметаат дека има корупција во јавните набавки, а 47 проценти од фирмите не се жалат на тендерите поради недоверба во Државната комисија за жалби по јавни набавки, покажуваат резултатите од објвената анкета.
Фирмите, во анкетата, го оцениле процесот на јавни набавки во земјава со просечна оценка од 2,8 на скалата од 1 до 5, што е исто како лани, а доминантни 60 отсто од фирмите велат дека корона-кризата влијаела негативно врз нивното учество на тендерите.
Извештајот од мониторингот на јавните набавки покажа дека поништувањето на тендерите во втората половина од минатата година достигна до 33 процени и е на највисоко ниво во последните неколку години. Најчеста причина за тоа, според Изештајот, е немање понуди или поради неприфатливи понуди.
Мониторингот покажал дека во пораст е отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите поради проблеми со документацијата или со понудените предмети на набавка, контролирани се само 1 отсто од тендерите во земјава и во секој петти контролиран тендер се пронајдени неправилности, конкуренцијата кај локалните тендери останува значително пониска отколку кај тендерите на институциите на национално нивододека во жалбената постапка е намален уделот на уважени жалби од фирмите, а расте уделот на одбиени жалби.
Мониторингот на јавните набавки се спроведува во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.